ВИДЕО: Сериозна ситуацијата со пожарот во Охрид, заседава кризниот штаб

Од:

Кризниот штаб на Општина Охрид бара решение за се изгласне на пожарот кој се спушта кон селото Косел и Опеница. Пожарот и натаму се шири поради ветерот. Граѓаните се вознемирени и според нив ситуацијата е алармантна. Опожарена е голема површина.

Поради пожарот во текот на ноќта Охрид беше прекриен со чад и се чувствуваше силна миризба.

Пожарот изби вчера кај местото викано „Јасика“ во близина на двете села. Вчера било интервенирано само со едно пожарникарско возило, а вечерта, поради неможноста да дејствуваат, екипите се повлекле.

Теренот е тешко пристапен бидејќи станува збор за планинско место. Во гаснењето вклучени се екипи на шумската полиција.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан