Септември помина, Ахмети си остана

Од:

Уште еден септември помина за лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рокот што повторно сам си го даде како услов да остане во владината коалиција доколку Македонија не стане членка на НАТО. Сега, на претпоследниот ден од септември, Ахмети преку прес конференција по повод 100 дена од новата Влада, порача дека Евро-атлантската интеграција е комлициран процес затоа што претходно требало да биде решен спорот со Грција за името, а целиот процес бил отежнат со ситуацијата во Украина и Средниот исток.

-Евро-атлантската интеграција е комплициран процес затоа што претходно бара решение на спорот со името со нашиот јужен сосед, Грција. Глобалните и регионалните околности, ситуацијата во Украина и Среден Исток, го отежнуваат процесот процесот на решавање затоа што фокусот на нашите меѓународни пријатели е кон овие кризни жаришта. За ова, ние се ангажираме секој ден за да го деблокираме овој процес заедно со нашите коалициски партнери и со меѓународната заедница. По овој повод, дозволете ми да ги поздравам посетите и директниот ангажман на генералниот секретар на НАТО, Расмусен, Викторија Нуланд како и германската канцеларка Ангела Меркел. Истовремено, охрабрувам и поттикнувам интензификација на овој ангажман и без никаква дилема изразувам убедување дека тоа ќе се случи, а големите процеси со кои што се одредува иднината на државите и народите, бараат време, заложба и трпение – порача Ахмети.

Ахмети кажа дека дека околностите сега не се поволни за да се дојде до решение, иако имало голем ангажман и од централната власт и од меѓународниот фактор работите да се придвижат кон напредок, но и дека за таков крупен процес требало време, но и дека решението било близу.

– Ние сме убедени дека сме многу близу до решението, но имаме потреба од директни преговори со меѓународно посредништво и потоа решението ќе се постигне. Во овој правец, очекуваме целосна подршка и многу активна ангажираност од новиот состав на Советот на Европа, вклучително од Јункер, Могерини и Јоханес Хан. Успехот на овој процес претставува заокружување на нашата заедничка инвестиција во Македонија, но истовремено ќе ги релаксира видливо и меѓуетничките односи како и имплементацијата на духот на Охридскиот Договор, ќе придонесе кон мирот, одржливата стабилност и сигурност во земјава и регионот, но и за економскиот развој, рече претседателот на ДУИ.

Ахмети се надева дека на 8 октомври препораката на ЕК ќе биде за почеток на преговори и дека ќе ги придвижи работите кон конечното решение.

– Се надеваме дека на 8 октомври, Комисијата за Проширување на ЕУ ќе ја повтори препораката за добивање на датум за преговори и се надеваме дека декемврсискиот самит на ЕУ ќе биде поттик за финалниот бран на преговори помеѓу Скопје и Атина, рече тој и најави дека овој процес ДУИ ќе го разгледува на конгрес на почетокот од следната година.

Колку за потсетување, пред формирањето на Владата, во заедничкото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за договорот за ново владино партнерство соопштија дека во зависност од епилогот на НАТО самитот во септември и Министерскиот совет на ЕУ, ќе одлучат за натамошните чекори и постапки на партиите кои ја сочинуваат владата. Од ДУИ изјавуваа и дека политичките прашања ги тргнале на страна и единствен приоритет е членство во НАТО, кое ако не се реализира во септември, тие ќе го преиспитаат своето учество во владата.

Подоцна во интервју за Алсат ТВ, Ахмети не даде конкретен одговор на прашањето дали ДУИ ќе остане дел од владата ако и во септември Македонија не стане членка на НАТО. ДУИ токму овој аргумент го посочуваше за главен во одлуката да бидат дел од владината коалиција.

– Тоа е хипотетичко прашање. Не ветувам временски ограничувања и не ги мерам нештата во овој контекст. Не можам да ги менувам изборните рокови во Грција, ЕУ, Самитот на НАТО, изјави Ахмети.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски