СЕП ќе потрoши 40 илјади евра за кампања и истражување на јавното мислење за придобивките од ЕУ

Од:

Подготовка и имплементација на комуникациска стратегија за подигнување на јавната свест за европските перспективи на Република Северна Македонија и исптување на јавното мислење. За оваа цел Секретаријатот за европски прашања планира да потроши приближно 41 илјада евра, без ДДВ, преку два огласи објавени на Бирото за јавни набавки.

Стратегијата е проценето дека ќе чини 1.694.915 денари без ДДВ, или приближно 27,5 илјади евра. Квалитетот учестува со 65 бодови, а цената со 35%. Критериум за доделување на договорот е најниската цена. Добитникот на тендерот треба да осмисли кампања со визуелен идентитет и слоган, комуникација на социјалните мрежи, веб-страница. Кампањата има неколку цели, а основните се дека треба да ја зголеми општата свест кај граѓаните за значењето на европските интеграции во земјата.

Со проценета вредност без ДДВ од 847.458 денари или приближно 13 илјади евра, СЕП на Бирото за јавни набавки објави и оглас за испитување на јавното мислење наменето за општата јавност за поддршката, предизвиците и останати прашања поврзани со Европската Унија и европските перспективи на земјата. Тендерот предвидува четири квалитативни истражувања, квантитативна анализа на 2000 испитаници и анализа на добиените податоци.

Во образложението на огласот се наведува дека по Стратегијата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и позитивниот извештај на ЕУ за почеток на преговорите, се појавил европски оптимизам и е констатиран напредок во евроинтеграциите кај сите земји од регионот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Русија го информира ОБСЕ дека Москва и Западот се блиску до воен конфликт

Горан Наумовски

Радев: ЕУ не преговараше со Русија на време, сега мора да ја преиспита својата стратегија

Зеленски со писмо до ЕУ: Предлогот за придружено членство на Украина е неправеден

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот