Семинар за транспарентноста како превенција на корупцијата во правосудството

Од:

Судии и јавни обвинители, како и претставници на релевантни институции во Македонија денеска во Скопје учествуваат на семинар за поефикасно спроведување на превентивните мерки предвидени во правната рамка за борба против корупцијата во правосудството.

Дводневниот семинар, како што изјави директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, е во правец на подготовките кои Македонија ги прави во Четвртиот круг на евалуација на Групата на држави за борба против корупцијата при Советот на Европа (ГРЕКО) за превенција од корупцијата на пратениците, судиите и обвинителите, а со цел за унапредување на транспарентноста на судството.

– На семинарот ќе се обидеме да ги идентификуваме  најзначајните подрачја каде што може да се јави судир на интереси кај судиите и јавни обвиниотели, односно во сите области кои ги бара прашалникот на ГРЕКО, како што се имотните интереси, подароците, надворешните платени и неплатени активности на судиите, процесите на избори и разрешување, изјави Арнаудовска.

Според неа, судирот на интереси сам по себе не претставува корупција, бидејќи судирите меѓу приватните интереси и службените должности на носителите на јавните функции, како што вели Арнаудовска, доколку адекватно не се решат може да резултират со корупција.

– Вистинска цел на делотворната политика која ја регулира судирот на интереси не претставува целосна забрана на приватен интерес, бидејќи може да доведе до одвраќање на лицата од кандидирање за оваа функција, туку зачувување во конкретниот случај на интегритетот на судиите и јавните обвинители, судските одлуки и на правосудството во целина, истакна Арнаудовска во обраќањето пред учесниците на собирот.

Претседателот на ГРЕКО Комитетот при Совет на Европа и судија на хрватскиот Врховен суд, Марин Мрчела изјави дека главен метод за сузбивање на корупцијата во Хрватска е политичката волја, бидејќи како што вели, доколку нема политичка волја нема ниту борба против корупцијата.

– Борбата против корупцијата не е само на судот, туку на сите чинители во општеството, во промена на свеста и во промената на односите кон граѓаните, рече Мрчела.

Амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија Кристофер Ивон истакна дека борбата против корупцијата може да помогне во зголемување на транспарентноста во која и да е земја, а со тоа ќе се зголеми и угледот на државата како на економски, така и на општествен план.

За улогата на Судскиот совет на Репбулика Макдонија и постојните законски и организациски мерки  кои ги презема во насока на зголемување на транспарентноста на судството, како превенција на можна корупција на  судиите, излагање ќе има претседателката на Судскиот совет Александра Зафироска.

Дводневниот семинар  на тема „Транспарентноста во функција на превенција на корупцијата во правосудството“ е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ