Семинар за сузбивање на насилниот екстремизам

Од:

Политичките и социо-економските фактори кои може да придонесат за терористичко радикализирање и регрутирање, ќе бидат тема на дводневниот национален семинар „Сузбивање на насилниот екстремизам и радикализам кој води кон тероризам (ХЕПТ)“, што ќе се одржува од денеска во Скопје.

На семинарот е најавено  присуство на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, американскиот амбасадор Пол Волерс и амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет.

На темата ќе разговараат околу 50 локални и меѓународни учесници, вклучувајќи експерти за безбедност и претставници на националните власти и граѓанското општество. На семинарот ќе се истражуваат и начините на кои јавниот и приватниот сектор, како и полициската работа во заедницата, можат ефективно да помогнат во спречување и борбата против тероризмот.

Коорганизатори на настанот се Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со поддршка на Владата на САД.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби