Семинар за судска соработка во граѓанската материја во ЕУ

Од:

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Европскиот центар за судии и правници при Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА) од Луксембург, во Скопје организира дводневен семинар на тема „Судска соработка во граѓанска материја во ЕУ“.

Целта на семинарот е размена на компаративни искуства меѓу домашните судии и судиите од другите земји, кои ќе бидат во насока на ефикасно имплементирање и примена на меѓународните стандарди и правото на ЕУ во националното законодавство, како и запознавање и презентирање на правото на ЕУ во област на судската соработка во граѓанска материја, конкретно, парничната постапка во ЕУ, со посебен осврт на релевантните алатки кои се применуваат во Унијата и семејното право во ЕУ.

Во рамките на овој семинар, како дел од нововоспоставената практика, Академијата ќе биде домаќин на судии од Република Хрватска кои постапуваат по предмети од граѓанска материја. Учеството на судиите од Хрватска е резултат на соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Правосудната Академија на Република Хрватска, во чии рамки на 4 и 5 октомври минатата година, судии од Република Македонија присустуваа на семинар во Загреб на тема „Судска соработка во кривична материја“.

Семинарот денеска ќе го отворат директорот на Академијата за судии и јавни обвиннители Анета Арнаудовска и Петра Џени, експерт од Европскиот центар за судии и правници при Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА) од Луксембург.

Предвидено е Академијата да организира уште еден семинар на кој ќе присуствуваат судии од Република Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ