Семинар за „Подготовка за преговори на поглавјето 27:одредници“

Од:

„Подготовка за преговори на поглавјето 27:одредници“ е тема на семинарот што денеска се одржува во Скопје во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, со финансиска поддршка на Британската амбасада.

Министерството за животна средина и просторно планирање, како што истакна ресорниот министер Абдилаќим Адеми на отворањето на семинарот, во реализирање на својот врвен приоритет – исполнување на условите за пристапување кон ЕУ, интензивно работи на процесот на усогласување и спроведување на законодавството во областа на животната средина.

– Сепак, во овој процес утврдивме дека се уште постојат многу прашања кои треба да ги разрешиме и многу механизми и структури кои треба да ги воспоставиме за да бидеме целосно подготвени за преземање на обврските од членството во Европската унија, рече Адеми.

Семинарот, појаси тој, е дел од проектот „Управување на пристапувањето кон ЕУ“, кој почна да се спроведува од јуни, за зајакнување на способноста на Министерството, на административните капацитети на засегнатите чинители и нивна ефективна подготовка за пристапните преговори за членство во ЕУ.

Министерот за животна средина и просторно планирање го нагласи значењето на соработката со сите чинители од Поглавјето 27 за животна средина, како основен услов за правилно воспоствување механизми на заедничка координација, во планирањето и спроведувањето на обврските што произлегуваат од процесот на пристапување кон Унијата.

– Со зајакнување на капацитетите на Министерството ќе успееме да ги направиме сите потребни чекори за пристапувањето кон ЕУ и дека Поглавјето 27 за животна средина и понатаму ќе ја задржи водечката позицијата во интегративните процеси во Македонија, истакна Адеми.

Со идентификување и остварување на акциите се очекува исполнување на условите за членство на земјата во ЕУ, како и конкретно подобрување на состојбата со животна средина во државата.

Британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон подвлече дека колку повеќе се сработи пред пристапните преговори, тие ќе бидат понапред.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска