Семејството на Фросина вo ОЈО билo запознаенo со доказите против обвинетиот Васил Јованов

Од:

Членови на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајна несреќа на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ биле запознати со постапката и со прибраните докази против обвинетиот 20-годишен возач, а во текот на утрешниот ден нивниот бранител ќе изврши дополнителен увид во доказите.

– Членови на семејството на жртвата во својство на оштетени и законски застапници дадоа исказ и се запознаа со постапката и со прибраните докази. Во текот на утрешниот ден нивниот бранител ќе изврши и дополнителен увид во доказите, потврдија од Јавното обвинителство.

Дваесет и двегодишната Фросина Кулакова на 29 јануари беше прегазена на пешачки прекин во Скопје.

На 20-годишниот возач му е определен притвор од 30 дена.

Тој се товари дека делото го сторил до умисла поминувајќи на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол. За него и претходно имало други кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали