Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

Од:

Во рамки на активностите на новоформираната работна група за преиспитување на институционалното постапување во случаи на семејно насилство, АФЖ при Левица одржа и работна средба.

„Средбата претставуваше продолжение и сублимација на претходните дискусии и консултации во кои беа разменети бројни искуства, беа разгледани законските и подзаконските акти, компаративни примери, анализи и предлози во однос на функционирањето на системот за заштита од семејно насилство. Целта на оваа средба беше овие размислувања и согледувања да се обединат и систематизираат во поширока рамка на идни активности на работната група.

Во текот на дискусијата беше нагласено дека проблемот на семејното насилство не може да се третира исклучиво низ призмата на законските одредби, туку бара сеопфатен пристап што ги опфаќа институционалните практики, подзаконската регулатива, протоколите за постапување, како и начинот на кој институциите соработуваат и реагираат во конкретни случаи. Учесничките потенцираа дека е неопходно да се разгледаат повеќе аспекти на системот – од можни законски интервенции, преку иницијативи и мерки на централно и локално ниво, од градинка до пријава во полиција, па сè до предлог-проекти и унапредување на постојните подзаконски акти кои го регулираат институционалното постапување.

Воедно беше истакнато дека постојните механизми за заштита често се соочуваат со сериозни предизвици во практичната примена, особено кога станува збор за координацијата меѓу институциите, навременото реагирање и доследното спроведување на заштитните мерки. Токму затоа, работната група има за цел да пристапи кон проблемот системски и сеопфатно, со намера да придонесе кон создавање пофункционален и поодговорен институционален механизам за заштита на жртвите.

Работната група ќе продолжи со својата работа и во наредниот период, преку понатамошни консултации, анализи и работни средби, со цел во најбрз можен рок формулирање на предлози кои ќе придонесат кон унапредување на институционалниот одговор и јакнење на системот за заштита од семејно насилство.

За Левица ваквиот пристап претставува дел од пошироката заложба за градење систем кој ќе функционира навремено, одговорно и во интерес на граѓаните. Заштитата на жртвите од насилство не смее да остане декларативна обврска која се актуелизира само при трагични настани, туку мора да се одрази во конкретни институционални политики и практики, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он