(ВИДЕО) Селмани: Владата воведува цензура со предлог-законот за медиуми

Од:

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја обвини владата дека сака да ја озакони новинарската етика а со тоа да воведе цензура во медиумите.

„Велите дека поддржувате саморегулација во медиумите, а со членот 61 сакате да ја озаконите новинарската етика, со казни од 5000 евра за медиумот и 1500 за одговорното лице, тоа е воведување цензура. Дополнително, не ви пречеше во 2016 да поддржите 1% од буџетот за Јавниот сервис, а сега предвидувате 0,7% од буџетот. Ако МРТВ има долг од 30 милиони евра како планирате Вие со 15 милиони евра годишно да отворите нов канал на МРТВ, да ја опремите, да исплатите плати за вработени а камо ли за дигитализација?, рече Селмани на дебата за медиумски реформи.

Најмногу критики беа упатени за обврската за медиумите да емитуваат 50 % македонска музика, додека претставниците на приватните медиуми го поздравија предлогот за ослободување од оваа обврска со член 92, здруженијата за заштита на авторски права реагираа дека треба да се заштити домашното производство.

Од владата велат дека ова не е финална верзија на законот, туку дека се уште има можност за предлози и забелешки.

„Наша цел е да де подобри медиумската сфера а улогата на владата во тоа да биде минорна. Имаме цел да се департизира Јавниот сервис и Агенцијата за медиуми. Планираме еднаш месечно преку работна група на невладини и владини претставници да следиме како ќе се спроведува законот“ изјави министерот за отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Предлог законот ќе биде отворен за увид на ЕНЕР до крајот на месецот а од владата потенцираа дека нема да брзаат со законските решенија туку ќе ги слушнат сите засегнати страни.

Г.Н.Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата