Селмани се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар

Од:

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани, денес се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар. На средбата се разговараше за актуелната состојба со медиумите во државата, престојниот закон за медиуми како и подлабочување на соработката.

Селмани му се заблагодари на евроамбасадорот за поддршката на Делегацијата на Европската комисија во Скопје за ЗНМ и за реформите во медиумите. Побара од амбасадорот да ја охрабри Владата за забрзување на процесот на донесување на измените на Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги. Според него, реформите во медиумите се исто толку приоритетни како и реформите во безбедносниот сектор и судството. „Aко нема слободни и професионални медиуми нема кој да го следи процесот на спроведување на реформите во полицијата и судството“, истакна Селмани.

На средбата се разговараше и за состојбата на јавниот сервис и за начините за подобрување на неговата работа.

Евроамбасадорот Жбогар, истакна поддршка за работата на ЗНМ и се заложи за зголемување на взаемната соработка. Според него реформите во медиумите се важни и треба внимателно да се спроведат.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага