Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани после изборот на директори на јавниот радиодифузен сервис, денеска изјави дека стравува оти реформата во МРТ ќе се сведе на меѓупартиски пазар и договор.
– Што се однесува до прашањето за изборот на старо-новиот директор на МТВ навистина ми е жал што се испушти една златна можност, неповторлива би рекол, да покажеме дека ние како општество имаме капацитет да се соочиме со предизвиците. Очигледно притисокот на партиите беше голем. Имавме контакти со членовите на Програмскиот совет, има расположение да разговара, меѓутоа, кога се вмешаа партиите, тогаш луѓето се повлекоа, рече Селмани.