(ВИДЕО) Селмани до Поповски: Врзете ги кучињата што се дел од вашата коалиција

Од:

Очигледно Владата не презема ништо, не правите ништо. Затоа ви кажувам, врзете ги кучињата, тие се дел од вашата коалиција, тие кучиња мора да бидат врзани, му порача претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, кој се појави на протестот на новинарите пред Владата.

Поповски рече дека осудува секаков вид напади врз новинари. Рече дека Владата има нула толеранција кон заканите и порача дека новинарите слободно треба да си ја вршат работата.

Во директната конфронтација со Селмани пред Владата, Поповски повеќепати повтори дека во врска со расчистувањето на случајот со заканите што ги добивал Селмани, Владата не е единствена институција што треба да го реши инцидентот.

„Предметот сега е во Обвинителството. Апелиравдека кога говориме за решавање на проблемите, треба да гледаме генерално“, рече Поповски и го повика Обвинителството да си ја заврши работата.

Селмани рече дека деновиве и неговото семејство добивало закани. Протестот следува по заканите и навредите од функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кон претседателот на ЗНМ. Асани го нарече новинарот Селмани копиле и жена.

Од Владата новинарите побараа на дело да покаже дека се залага за функционирање на секој сегмент на правната држава, заедно со слободата на говорот и интегритетот на новинарите.

(С. Д.)

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага