(ВИДЕО) Селмани: Од кабинетот на Иванов ги терале новинарите да потпишат безбедносни сертификати за да молчат

Од:

Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на дваесетина новинари повикувајќи ги на брифинг на почетокот на јануари им доделил наводни безбедносни сертификати со кои се обврзуваат да не изнесат информации кои ќе дојдат до нив во врска со претседателот и неговиот кабинет, информираше претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани.

Дваесетте новинари биле повикувани во групи каде им било дадено да го потпишат сертификатот без да знаат за што станува збор.

– Со овој сертификат новинарите се обврзуваат да не изнесуваат одредени информации поврзани со претседателот и неговиот кабинет, а доколку го сторат тоа ќе одговараат кривично, вели Селмани.

Според него, овој чин на кабинетот на Иванов претставува притисок врз новинарството и претворање на медиумите од стожери на јавноста во послушници на институцијата.

Новинарите кои го потпишале барањето за сертификатот пријавиле во ЗНМ по што здружението стапило во контакт со кабинетот на претседателот за да се информираат за што станува збор, но добиле одговор дека таков брифинг не бил никогаш одржан.

– Новинарите во тој момент не биле во можност да се консултираат со редакциите или ЗНМ за значењето на тој сертификат, бидејќи на влезот им биле одземени мобилните телефони, вели Селмани додавајќи дека било каква поврзаност на новинарите со безбедносните служби е неприфатлива.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје