Селмани до МРТ: Такви спинови не ви проаѓаат, бркајте работа

Од:

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани реагираше на соопштението на МРТ во кое се вели дека вршел притисок врз јавниот сервис, но и отфрлањето на ставот на ЗНМ дека емисијата за акцијата „Пуч“ била пристрасна и непрофесионална. МРТ се правдаше со ставот дека поканиле повеќе новинари, но не кажаа имиња на новинари, освен Насер Селмани.

Следува ставот на Селмани.

– Ставот на уредничкиот колегиум на МРТ за реакцијата на ЗНМ во врска со таканаречената дебата водена од уредникот Горан Петревски во неделата на јавниот сервис за аферата Пуч ми изгледа како реакција на давеник што се фаќа за сламка.

Демек, се ќе беше ок со емисијата само Насер да прифатеше да учествува во неа. Не Насер, ни свети Насер да дојдеше ништо немаше да се смени во концептот на таа наканаречена дебата.

Колеги, не е битно кога сте повикале на дебата, битно е што таа емисија не беше водена согласно стандардите и начелата за работата на новинарите и уреднииците на МРТ предвидени во член 111 на Законот за аудио и аудиовизуени медиумски услуги, а за новинарска етика да не зборуваме.

Во тој член од законот уредникот Петревски требаше дебатата да ја води на непристрасен и избалансиран начин и мораше да обезбеди плурализам на гледишта. Освен тоа тој не смееше да застапува или фаворизира ставови и интереси на одредена политичка партија. На што личеше анализата на психолошкиот профил на премиерот и на лидерот на опозицијата?! Срамота!

Ако сте имале проблем да обезбедите учесници во дебатата, сте требале да ја одложите за ден два, а да не брзате. Зошто моравте да брзате?

Јас ја одбив поканата да учествувам во дебатата затоа што за мене беше непрофесионално и несериозно да бидам повикан на нешто повеќе од еден саат пред да почне.

Еве да ја прифатам логиката на уредничкиот колегиум на МТВ. Да претпоставиме дека јас ќе бев дел од дебатата. Како ќе се обезбедеше начелото на плурализам на гледишта? Од каде знаат овие колеги дека и јас немаше да ја фалам власта за акцијата Пуч. Јас никаде не се изјаснив за тоа.

Колеги, вие требаше да повикате луѓе кои овие денови јасно ја критикуваат власта за акцијата Пуч, а не Насер. Ако Насер требаше да ви биде алиби, е тој филм нема да го гледате кај мене. Бркајте работа.

Башка, реакцијата е на Управниот одбор на ЗНМ, а не на Насер. За неа, од 15 членови, гласаа 13, еден беше против, еден не се изјасни. Така да спинот кај нас нема да ви функционира.

А што се однесува до притисокот. ЗНМ ни има желба, ниту има начин да врши притисок врз било кој медиуми, најмалку на јавниот сервис, за кој плаќаме радиодифузна такса. Прашајте ги вашите шефови кој најмногу се залага МРТ да има одржлив извор на финансирање. Информирајте се!

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада