Селмани бара и Владата да се рекламира на транспарентен начин

Од:

Насер Селмани, претседателот на ЗНМ, одговори на прозивките на Курир, во врска со изнесените информации за наводен скандал во Центар со трошење како што пишуваат „милионски“ суми за рекламирање во одредени портали. Курир при тоа не наведува за која валута се работи, за евра или денари, и каква е состојбата со сите институции, партии и Владата, за колку пари и каде се рекламираат.

Еве го одговорот на Селмани:

„Ставот на ЗНМ за сите политички реклами или огласи платени од јавни пари, било од Владата или од општините, како што е во случајот со општина Центар, е многу јасен. Ние бараме да се забрани со закон политичкото рекламирање во приватните медиуми бидејќи даноците на граѓаните се користат за политичка пропаганда од политичките актери и немаат никаков јавен интерес.

ЗНМ три години постојано се залага Владата да предложи законско решение за медиумските кампањи од јавните институции затоа што сметаме дека тие преку рекламите ја поттикнуваат корупцијата во медиумите. Со тоа јавните институции ја купуваат уредувачката политика на медиумите и ја загрозуваат нивната независнoст. Медиумите се претвараат во пропагандна машинерија на политиката и не ја играат улогата на коректор на сите видови на власти.

Позитивно е што Курир го отвора ова прашање и се надеваме дека вашиот пристап нема да биде селективен. Добро е што се отвора прашањето околу рекламирањето во медиумите на општината Центар и треба да се види колку и како и другите општини рекламираат во медиумите, а посебно дали Владата го прави истото на транспарентен начин и врз основа на некакви критериуми.

Ние ќе продолжиме да се залагаме да се забрани политичкото рекламирање во медиумите и се надеваме дека во овој напор ќе ја имаме поддршката на вашиот медиум“.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје