Селами: Во Тетово има нула инвестиции

Од:

Движење за Pеформи – ДПА огранокот во Тетово изразува жалење за недостигот на капитални инвестиции во Тетово и за постојаните обиди на ДУИ да ги излаже тетовчаните.

Ариф Селами рече дека слабата политичка застапеност на ДУИ, инволвираноста во криминал и корупција и други разни афери, ги сведе Тетово и тетовчани до работ на дното, без капитални односно нула инвестиции, додека постојните објекти се застарени, и и застарени необновени.

– Во Тетово има недостаток на вода за пиење, лоша инфраструктура, недостаток на чист воздух, недостаток на училишта, нема театар, библиотека, кино, зелени површини, патишта итн. За жалење е тоа што не успеавте на му го вратите угледот и да направите град. Денеска, конкретно ќе ја обелодениме лагата на власта во врска со градскиот Театар. На Градот Тетово и беше ветено инвестиција од 13 милиони евра за Градскиот театар, додека на стариот театар, кој што е повеќе од опустошен, и се заканува исклучување на електричната енергија поради неплаќање! Камен темелникот на овој капитален објект беше поставен пред 2 години, во пресрет на парламентарните избори одржани во 2014 година, од тогаш ништо од тоа не е направено. Работите продолжија во 2016 година, повторно во пресрет на предвремените парламентарни избори! Големата измама се прави со честите измени на Проектот. Беше речено дека Тетовскиот театар ќе има 2 ката подземен паркинг, а објектот ќе биде трикатна зграда. Со новиот ребаланс на буџетот проектот се измени, објектот ќе биде без подземен паркинг, додека ќе се скрати и еден спрат од зградата – истакна Селами.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата