Села ветува 500 милиони евра за „ревитализација на албанските населби“

Од:

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за Албанците и кандидатите за пратеници од шестата изборна единица денеска ја претставија програмата „Држава за сите“ пред жителите на неколку села во Општина Теарце.

Носителот на кандидатската листа и претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села зборуваше за многуте проблеми на албанските села, на кои според него им недостасуваат основни услови. Села истакна дека коалицијата АА-ААА предвидува „инвестиции од 500 милиони евра само за албанските населби“.

-Ние ќе бидеме имиџ на политичарот кој ќе биде избран и го исполнува тоа што го ветува. Никој од нас нема да слушне празни зборови и големи позиции затоа што нашето политичко дејствување не е само за поединецот како индивидуа. Нашата политика е поврзана со проблемите, проблемите на Албанците, каде и да се. Во нашата програма ќе видите, предвидени се 500 милиони евра инвестиции за четири години власт директно за ревитализација на албанските населби,“ истакна Села пред жителите на полошките села Нераште и Доброште.

Села појасни дека програмата е направена директно од барањата и загриженоста на граѓаните, бидејќи пред неколку месеци тој самиот ги поминал сите албански села, каде разговарал со жителите на секое село. Ова, објасни тој, е направено со цел внимателно да се допрат сите проблеми на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Судот го запиша Зијадин Села дека е претседател на Алијанса на Албанците

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

Села: Уште се чека на исходот за печатите на партијата, Алијанса за Албанците е соединета и во коалиција со Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Основен суд Тетово потврди дека има решение со кое се именува Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците