ВИДЕО: Села се надева дека мнозинство ќе има, но е загрижен каде е пратеникот кој не се појави на седницата

Од:

Зијадин Села, пратеник и лидер на „Алијанса на Албанците“ очекува ситуацијата до вечер да се смени ситуацијата и сепак, опозицијата да има мнозинство за да изгласа недоверба на Владата. Тој посочи дека најважно е да се утврди каде е Кастриот Реџепи, пратеникот на БЕСА, кој се огласи преку социјалните мрежи, но не се појави во живо. Токму ова за Села е сомнително. Тој додаде: „Моите очекувања се пратениците да одлучат по своја волја и да не бидат уценети, ако се уценети“.

„Се надевам дека ќе се створат услови. Ова е доказ на тоа што го реков, денеска паѓа Владата и најпосле ќе се ослободат институциите. И во моментот кога зборуваме не знаеме каде се наоѓа еден пратеник. Тоа го кажувам од човечки апсект. Сите пратеници навистина треба да бидат загрижени што имаме само статус на Фејсбук, а не глас и физичко присуство на Кастриот Реџепи. За ова треба да дадат одговор институциите на државата. Не знам дали е безбеден или не пратеникот. Во моментов немаме негово физичко присуство во Собрание или некаде, да дава изјава. Сите кои се сметаат за хумани, треба да речат, чекајте пред да зборуваме за нова власт да видиме дали тој е безбеден. Сите кои аплаудираат на ваков развој на настаните, мислам дека ништо хумано нема кај нив“

Според него, ако во Собранието се случуваат вакви работи, којзнае што се случува со граѓаните.

„Граѓаните мора да бидат безбедни. Другите работи се решаваат преку дијалог“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Села: Албанска лига е за отворени листи, осум изборни единици и гласање на дијаспората електронски или по пошта на сите изборни циклуси

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи