ВИДЕО: Села побара вонредни парлментарни избори

Од:

Тоа што се случи синоќа беше удар брз надежта за правната држава. Ова мнозниство кога треба да се амнестира криминал, тие се заедно, сведоци бевме и на законот за аманестија, рече Зијадин Села и додаде дека ако се има тронка морал, да се прогласат вонредни избори.

Обвини дека вчера ДУИ сервирале театар, завчера преку Агим Шакири, вчера преку Талат Џафери, во неможност да ја држи седницата истиот претседател на кој не му сметаше на 27 април да го изберат како што го избраа, додаде Села.

-Се виде дека е добар актер и не заслужува да го држи имиџот за претседател Албанец на Собранието на СРМ, рече Села.

ДУИ е партија од стариот режим, која е врска меѓу нов и стар режим и мотивите да го заштитат Вељаноски се многубројни, тие се фатени во корупција и криминал, вели Села.

Села изрази сомнеж и дека ДУИ се вмешани во организација на 27 април, потсетувајќи дека Али Ахмети дента не беше присутен, дека Џафери имал сознанија, како и тогашниот заменик министер на МВР, Агим Нухиу, кои исто така е од редовите на ДУИ.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он