Села: Отворањето на преговорите и членството во Европската Унија се единствената надеж за реформи во системот

Од:

Граѓаните на Северна Македонија воопшто и Албанците особено долго го чекаа овој прв конкретен чекор кон отворање на преговорите со Европската Унија вели лидерот на Алијанса за албанците Зијадин Села.

– Алијанса за Албанците, заедно со граѓаните, се радува на одржувањето на првата меѓувладина средба во Брисел, за којашто сите заеднички се жртвувавме, се ангажиравме и придонесовме да се исполни уште една наша стратешка дефиниција, по членството на земјата во НАТО. Отворањето на преговорите и членството во Европската Унија се од витално значење за Северна Македонија и единствената надеж за реформи во системот, борбата против криминалот и корупцијата, владеењето на правото, еднаквоста на граѓаните и народите, како и за подобрување на стандардот на живеењето и на економскиот развој на земјата порачува Села.

Села честита и на Албанија за овој важен чекор и вел и се радуваме на заедничкото патување кон големото европско семејство.

– Сега останува наша одговорност да ги исполниме стандардите, да ги спроведеме реформите, да го искорениме криминалот и корупцијата и да воспоставиме владеење на правото и европски вредности.Бескрајна благодарност до земјите членки на ЕУ кои и покрај многуте предизвици, грешки и неуспеси во управувањето во нашата земја, не се откажаа и им ги отворија вратите на граѓаните со надеж за иднината вели претседалето на Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Села: Европски фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност

Катерина Ѓуровски

Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини