(ВИДЕО) Села заминува од Владата кога ќе се изгласа Законот за јазиците

Од:

Јас сум избран за пратеник и моето место е во Собранието, изјави лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села од прес-центарот во Собранието.

Тој најави дека ќе биде дел од владата се додека не се изгласа Законот за јазиците и дека денес гласале „За“ дневниот ред поради Законот за јазици и Законот за амнестија.

– Се надевам денес да се изгласа тој закон и од тој момент ќе престанеме да бидеме дел од Владата, рече Села и додаде дека оваа влада веќе не е реформска, туку машина за перење на гревовите на корумпираните политичари.

Села го обвини Заев дека лаже кога рекол дека се работи само за пополнување на испразнетите места.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати