Села: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Струга

Од:

На Зијадин Села, новиот градоначалник на Општина Струга денеска и официјално му беше врачено уверението за четиригодишниот градоначалнички мандат.

Во своето обраќање по свечениот чин, тој рече дека во наредниот четиригодишен мандат ќе биде градоначалник на сите граѓани на Струга, без разлика на нивната национална, верска или каква било друга припадност.

– Се надевам и пожелувам и во иднина, во ваква атмосфера како што денеска ја примам функцијата, да бидат и изборите. Во ваква атмосфера да славиме бидејќи изборите се за доброто на граѓаните, а не се ден кога граѓаните треба да бидат исплашени и уценувани.

– Јас сум од денеска градоначалник на сите граѓани на Струга и овој мандат ќе го искористам за доброто на сите без разлика на нивното етничко, политичко и верско убедување. Се надевам дека по четири години Струга ќе ја гледаме во поинаква слика, истакна градоначалникот Села.

Зијадин Села ја однесе победата пред неговиот противкандидат Владимир Кочоски од коалицијата „Заедно за Струга“ со разлика од околу шест илјади гласови. Со Општина Струга во изминатите осум години раководеше Рамиз Мерко, кадар од ДУИ, кој денеска му ја препушти градоначалничката фотелја на новиот градоначалник.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски