Села: ДУИ го блокира работењето на градоначалникот на Гостивар, Таравари

Од:

Гостивар е исклучен од концептот „Едно општество за сите“, а со директни наредби од премиерот, коалицискиот партнер прави сé за да го блокира работењето на градоначалникот на Гостивар, Арбен Тарави, и граѓаните. Ова го изјави лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, по посетата на Гостивар и средбата со Таравари.

„Блокадата е видлива и преку примерот со неставањето на предлог-буџетот на дневен ред на седницата на советот. Гостиварци се пример дека големите изјави на премиерот за едно општество за сите и живот за сите во Македонија се само лага зад која се кријат ниски политички игри на СДСМ и на коалицискиот партнер ДУИ“, рече Села.

И неговиот сопартиец Арбен Таравари обвинува дека мнозинството на советот на Општината што го предводи ДУИ, намерно не сакале да се расправа и да се стави буџетот на дневен ред со цел, како што вели, да ја запреле работата на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар