„Секоја една е вредна“ – кампања против родови стереотипи и предрасуди за жените

Од:

„Секоја една е вредна“ е слоганот под којшто се одвива националната кампања „Гласно против гласини“ поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје којашто има цел да ја подигне свеста за штетното влијание од ширењето „гласини“ што доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во општеството.

Кампањата „Гласно против гласини“, што стартуваше официјално синоќа, е поттикната од потребата да се стави крај на стигматизацијата на жените во општеството врз основа на приказни и верувања полни со непроверени информации, сомнежи и невистини.

– Родовата еднаквост и борбата против гласините, стереотипите и предрасудите кои ги поттикнуваат и ги зајакнуваат родовите нееднаквости не се прашања кои ги засегаат само жените, туку се однесуваат на општеството како целина. Затоа ги повикувам сите мажи и момчиња целосно да се вклучат и да преземат заедничка одговорност за постигнување родова еднаквост, истакна на стартот на кампањата амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На настанот биле промовирани инспиративните приказни на жените кои претставуваат позитивен пример за справување со оваа негативна општествена појава – Мартина Димоска, Гзиме Фејзи, Искра Донева и Фатма Бајрам Аземовска. Нивната храброст и лични искуства биле прикажани преку четири кратки видеа во кои ги споделиле своите соочувања со гласините, но и нивните успешни начини на справување со истите и одлучноста да го реализираат својот интелектуален потенцијал.

Кампањата, којашто ја спроведува маркетинг агенцијата Футура 2/2, продолжува со различни активности кои ќе бидат реализирани на национално ниво и ќе опфатат различни канали на комуникација: социјални и дигитални медиуми, настани и дебати од јавен карактер, сè со цел да се допре до засегнатите страни и едукативно да се влијае врз директните учесници во ваквата негативна општествена појава, се наведува во соопштението од Медиаплан.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски

Синодот на МПЦ, граѓани и видни гости на протест пред Соборниот храм во Скопје

Тренчевска: Северна Македонија е за унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности

Горан Наумовски