По 50 евра – толку пари просечен Македонец троши годишно на кафеани – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Кога ќе се соберат бројките се доаѓа до сума од околу 100 милиони евра годишно потрошени на кафеани.
Споредено со државите од поранешна Југославија, тоа е повеќе од Србите, кои трошат 37 евра по жител, но помалку од Хрватите, кои трошат 87, а многу помалку од Словенците, кои на кафеани трошат дури 281 евро годишно по жител. Ова претставува намалување во однос на минатата година кога, според државната статистика, се потрошиле по 51 евро на човек или 192 евра на домаќинство. Споредено со 2009 година, во 2012 се трошело за 30 отсто помалку. Пред 4 години на кафеани секој член на едно домаќинство проарчил по 74 евра годишно.