Секој граѓанин што ќе ја напушти државата, нема да се смее да се врати во наредните 3 месеци

Од:

Секој граѓанин што ќе ја напушти државата, во иднина ќе потпишува документ во кој изјавува дека во наредниве 3 месеци нема да смее да се врати во државата.

Ова е една од мерките што ги донела Владата на последната седница, а со цел заштита од коронавирусот.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски не одговори децидно што ќе подразбира вонредната состојба во државата, рече дека тоа ќе зависи од поведението на граѓаните и развојот на целата ситуација.

„Кога укажуваме дека не треба да имаме собири или журки, не може и не смее да има. Сега ние ќе мора да се ставиме во малку поинаков режим. Владата укажуваше, не патувајте, а дел од граѓаните пред 4-5 дена си патуваа туристички за да не им пропаднеле картите. Токму затоа, сега ќе мора да се следат препораките“, рече Спасовски.

Во однос на патниците кои вчера слетаа со авион од Белгија, а дел од нив имаа симптоми, Спасовски рече дека сите биле тестирани и врз основа на тоа се предложиле мерки.

„Знам дека не се добри условите, но првично се добри за воспоставување превентивни мерки. Имаме и други капацитети, а имаме и ситуација во која никој не може да биде комотен“, рече Спасовски.

Според Уставот, вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или
епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на РСМ или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот, Владата или најмалку 30 пратеници. Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена. Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа  е во можност да се состане.

Би можело да ве интересира

Спасовски до Гаши: Мислам дека конечно по шест месеци треба да разберете дека сте избрани за претседател на Собранието

ДУИ „игра“ за ВМРО-ДПМНЕ, нема да им ги гласаме интерпелациите рече Спасовски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Власта штанца закони по итна постапка

Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните