Сеќавање во Битола и цвеќе за бранителите кои во 2001 година загинаа во селото Гајре

Од:

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска, делегации од јавни национални и локални институции, припадници на полицијата и армијата денеска пред споменикот „Ангел“ во Битола положија цвеќе и одржаа комеморација, по повод 19 годишнината од смртта на македонските бранители Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски кои во 2001 година загинаа во близина на селото Гајре.

На традиционалниот настан посветен на младите битолчани кои својот живот го изгубија во 2001 година, градоначалничката Наташа Петровска изрази сочувство до семејствата на загинатите бранители.

-Изминаа 19 години од немилиот настан, но чувствата не одминуваат. Нашите сограѓани недостигаат, а ваквите моменти малку повеќе треба да не’ отрезнуваат. Голем е споменот и долгот кон нив, рече меѓудругото Петровска пред присутните учесници на комеморативниот настан што се одржа во Битола.

Би можело да ве интересира

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Во битолскиот Архив пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки

На Тумбе кафе пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

Горан Наумовски

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он