Сегашниот и поранешниот словачки амбасадор ја посетија општина Гостивар

Од:

Амбасадорот на Република Словачка во Македонја Хенрик Маркуш придружуван од поранешниот амбасадор, а сега шеф на мисијата на ОБСЕ во Братислава, Роберт Кирнаг, денеска ја посетија општина Гостивар каде се сретнаа со градоначалникот Арбен Таравари и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

На средбата во кабинет на градоначалникот се разговарало за актуелната состојба во општината и во земјата, како и односите на централната власт со локалната самоуправа во Гостивар.

– Имавме конструктивен и мошне плоден разговор. Нам ни се пријатели сите претставници на меѓународната заедница и тие секогаш се добредојдени во нашиот град, рече на прес-конференција по состанокот градоначалникот Таравари.

На новинарско прашање, во кое својство е дојден и присуствува на состанок првиот човек на Алијансата за Албанците, Таравари појасни дека тоа било договорено од претходно.

– Тоа беше договор помеѓу нас и Амбасадата на Словачка на средбата да присуствува и Зијадин Села, со што би се направила и анализа на односите помеѓу позицијата и опозицијата. Владата има некоректен однос кон локалната власт во Гостивар, но, бидејќи сега е актуелно прашањето за името и интеграцијата на земјата во НАТО, тој однос е ставен во сенка. Но, сите дипломати и нашите пријатели се свесни за она што се случува во општина Гостивар, појасни Таравари, која според него е една од главните општини во земјава.

Словачкиот амбасадор Маркуш истакна дека ова е негова прва посета на општина Гостивар по назначувањето на функцијата во февруари, годинава.

– Имавме многу охрабрувачки разговор со градоначалникот Таравари. Со нас беа и претставници на ОБСЕ, бидејќи следната година Словачка ќе претседава со оваа организација, истакна меѓу другото словачкиот амбасадор Маркуш.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Фицо: Политиките кон Украина ја разнишуваат довербата во ЕУ

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Муцунски: Да ја засилиме економската соработка со Словачка

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско