Седумнаесетгодишна девојка од Косово дошла на гости во Скопје, но набрзо исчезнала, а семејството се сомнева дека избегала со маж со кого, најверојатно, била во љубовна врска.
„Вчера во полициската станица Е.Ч.(22) од Скопје пријавил дека од неговиот дом се оддалечила К.Џ.(17) од Косово, сестра на неговата сопруга, која заедно со нејзините родители дошла кај него на гости. Тие се сомневаат дека избегала со Џ.Г., со кого најверојатно биле во љубовна врска“, велат од полицијата.