Седум сообраќајки вчера во Скопје, пајакот отстранил 51 возило

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно седум сообраќајна незгода.

Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди во кои со полесни телесни повреди се здобиле еден возач на велосипед со мотор и еден патник во автобус.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи поминале на црвно светло на семафорот, 17 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и девет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 51 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ кое се наоѓа на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

И денеска во официјална посета на Република Македонија престојува претседателот на Народното собрание на Република Србија Маја Гојковиќ. За време на движењето на колоната возила под придружба ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници, особено во градското централно подрачје поради што од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од страна на полициските службеници, а веднаш по поминување на колоната под придружба ќе бидат преземани мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.

Денеска со почеток во 12 часот здружението „Солидарност“ и Синдикатот на културата ќе одржат протестен марш од пред Собранието на Република Македонија со кратко застанување пред Министерството за труд и социјална политика па се до пред зградата на Владата на РМ. Од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за физичко регулирање и пренасочување на сообраќајот.

Во сабота по повод верскиот празник Задушница поради зголемен интензитет на сообраќајот кон гробиштата во Бутел, Драчево, Ѓорче Петров и Камник сообраќајната полиција ќе го зголеми присуството на овие делови од градот со цел зголемена безбедност и проток на сообраќајот.

Во сабота со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу Вардар и Монтење, Франција, а во недела со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и Игокеа, Босна и Херцеговина. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот за време на спортските натпревари сообраќајната полиција ќе презема соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он