Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, две со телесни повреди и четири со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а пет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 15 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Еден возач е исклучен од сообраќајот бидејќи управувал возило под дејство на алкохол и еден – како возач почетник. Од сообраќајот исклучени се вкупно 11 возила од кои 10 нерегистрирани и едно технички неисправно возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 93 мандатни платни налози за непрописно паркирање, додека 80 возила се подигнати со “пајак”.
Исто така, седум возачи се санкционирани заради минување на крстосница на црвено светло и три возачи поради неправилно престигнување. Во текот на вчерашниот ден санкциониониран бил и пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.