Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Од:

Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава објави дека седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска, попладне, се транспортирани за Шпанија со медицински авион од Норвешка.

– По трагедијата во Кочани, медицински авион обезбеден од Норвешка полета од Скопје за Мадрид, превезувајќи седум повредени кои ќе добијат медицинска помош во болниците во Ла Паз и Хетафе. Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија и се солидаризира со жртвите од пожарот, стои во објавата на официјалниот налог на платформата „Х“ на Шпанската амбасада во земјава.

Шпанските весници „ABC Madrid“ и „20Minutos“ повикувајќи се на информација потврдена од портпаролот на Владата на Шпанија Мигел Анхел Гарсија Мартин, претходно објавија дека две јавни болници во Мадрид, Шпанија ќе примат на лекување седум лица повредени во страотниот пожар во ноќен клуб во градот Кочани, Северна Македонија, кои се очекува да пристигнат наскоро. Со тоа Шпанија се става на располагање на погодените од пожарот и на македонските власти кои го активираа механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

Од македонското Министерство за здравство ја потврдија информацијата.

Болниците Ла Паз и Хетафе имаат национално и меѓународно признати центри за грижа на пациенти со изгореници. Од седумте лица кои ќе пристигнат во Шпанија, пет ќе бидат примени во комплексот Фуенкарал, а двајца во центарот што се наоѓа јужно од главниот град, наведува весникот „20Minutos“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Трамп: Ќе ги прекинеме сите трговски односи со Шпанија

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Купи цело село во Шпанија за 310.000 евра

А1он