• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Мери Јордановска
Македонија

Седум месеци пациент преживувал со заборавена газа во стомакот

by Мери Јордановска04/04/2019 - 14:1804/04/2019 - 14:401451
Share0

На 66-годишен пациент од Кочани, кој бил опериран во Градската болница „8 Септември“ од карцином на ректумот, цели 7 месеци му била заглавена газа во стомакот. Од септември лани, кога бил опериран, до пред два дена пациентот, чие име е познато на редакцијата на „А1он“, имал болки и дуење на стомакот, но лекарите тоа го препишувале на болеста и кревале раце.

Добивај вести на вибер

„Не знаевме што се случува. Ситуацијата воопшто не му се подобруваше по операцијата, а во вторникот доби напад на болки и јаки грчеви. Кога влезе во тоалетот, ја видовме газата и полека почнавме да ја извлекуваме. Не ни се веруваше дека извлековме газа долга 60 сантиметри. Во тој момент татко ми само рече ‘е сега се чувствувам како камен да ми падна’. Веднаш го однесовме во болница и беше примен на одделот за хирургија во Кочани, а утринава е примен во ‘8 Септември’“, раскажува за „А1он“ неговата ќерка.

Семејството поседува фотографии од газата за која се сомневаат дека најверојатно била заборавена од страна на хирургот што ја извршил операцијата, а до нашата редакција ја достави целата документација за неговите патешествија во последниве 7 месеци.

На 11 септември лани тој бил опериран од малигна неоплазма на ректумот. Двесетина дена подоцна тој е отпишан од болницата „во добра општа состојба и уреден локален наод“, со упатство да се јави на Клиниката за онкологија за да прима хемотерапија. Тој примил две дози хемотерапија, но состојбата видно му се влошила.

„Се дуеше, му се појавија топки и барнови во целиот стомак. Го однесовме на рендген, ни кажаа дека снимките се матни и не може да се види точно за што станува збор. Го виде и докторката што го оперираше, но постојано ни велеше дека тоа е поради болеста и му даваа инфузии. Четири месеци тој постојано имаше дијареи, но никој не се нафати да го отвори повторно и да види за што станува збор“, вели неговата ќерка.

Од документите може да се види дека тој во два наврати по операцијата повторно бил примен во „8 Септември“, му биле правени тоалети и преврски и бил отпуштан од болница по неколку дена.

За случајот веќе е известен Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој заедно со менаџментот на „8 Септември“ почнале детална истрага за случајот.

„По допрен глас веднаш е почната постапка и испратени се инспектори во болницата. Веднаш контактиравме и со директорот на ‘8 Септември’, Христијан Костов, кој го прими пациентот и му ги обезбеди сите услови за понатамошно лекување. Координирано работиме за да се лоцираат сите пропусти во лекувањето“, вели за „А1он“ Ирина Бухова, директор на ДСЗИ.

Семејството на пациентот е задоволно од денешниот третман на нивниот близок од страна на директорот на болницата, Костов, но, сепак, велат дека ќе покренат постапка против хирургот кој ја извршил операцијата.

Во 2016 година истата докторка беше осудена на 3 месеци условна казна за кривично дело против здравјето на луѓето, откако на 42-годишна пациентка при операција ѝ беше зашиена вагината за дебелото црево и мораше да ѝ бидат направени четири сложени операции за да се исправи лекарската грешка.

Мери Јордановска

dszizdravstvo

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он26/11/2025 - 17:2726/11/2025 - 17:28

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски15/11/2025 - 12:2015/11/2025 - 12:27

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Катерина Ѓуровски11/11/2025 - 10:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен