Седум лица потешко повредени викендов во сообраќајки во Скопје

Од:

Седум лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 се полеснo повредeни во 19, од вкупно 31 сообраќајна несреќа регистрирана во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 502 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 98 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Од сообраќај се исклучени 56 нерегистрирани возила, 144 автомобили кои биле непрописно паркирани, а со пајак се подигнати 26 возила.

Двајца пешаци поминале коловоз на црвено светло, а 17 возачи поминале на крстосница на црвено светло.

Еден возач не дал првенство на минување на пешаци, тројца се престроиле неправилно, еден неправилно престигнувал, додека пак тројца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози