Седници на собраниските комисии за економски прашања и за одбрана и безбедност

Од:

Во републичкото Собрание за денеска се најавени седници на комисиите за економски прашања и за одбрана и безбедност.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот, во прво читање и годишните извештаи за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата и на Регулаторната комисија за енергетика за 2012 година.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат за Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието