Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневeн ред на Комисијата за економски прашања е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, а на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, и двата во прво читање.
Комисија за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција, на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за финансиските друштва, на Законот за регистрирање на готовински плаќања, на Законот за данокот на додадена вредност, како и измените на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, сите во второ читање. На дневен ред се и предлог законите за данокот на добивка, за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, двата во второ читање, како и за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, двата во прво читање.

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа за предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, за дополнување на Кривичниот законик и за прекршоците, сите во второ читање, како и за предлог – законите за дополнување на Законот за договорен залог, за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, и за изменување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, трите во прво читање.

Законодавно-правната комисија ќе разгледа повеќе предлог – законски решенија меѓу кои и за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција, на Законот за регистрирање на готовински плаќања и на Законот за супервизија на осигурување, трите во второ читање.

Би можело да ве интересира

Без опозиција ќе се усвојува Завршната сметка на Буџетот за 2015

А1он

Спасовски и Ременски не дојдоа во Собрание на изборот на Владата

А1он

Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за економски прашања, Комисијата за европски прашања, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2012 година е единствена точка на дневен ред на Националениот совет за евроинтеграции, на Комисијата за европски прашања и на  Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе расправа по Извештајот на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот од мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, согласно член 153 од Изборниот законик.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за туристички развојни зони, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски