Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Пред Законодавно-правната комисија се предлог – измените и дополнувањата на законите за пожарникарството, за безбедност и здравје при работа и за здравјето на растенијата, сите во прво читање, Статутот на Агенцијата за електронски комуникации во втора фаза, како и Барањето за давање автентично толкување на член 10 од Законот за јавните набавки, а во врска со членовите 65 и 66 од Законот за водостопанствата, поднесено од пратеникот Зоран Илиоски.

Статутот на Агенцијата за електронски комуникации ќе го разгледа и Комисија за транспорт

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи во прво читање, Предлог законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавно претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ П.О. Скопје во второ читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во второ читање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија организира јавна расправа по Предлогот законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.