Седница на Советот за безбедност за состојбата со пандемијата

Од:

Актуелната состојба поврзана со пандемијата ќе биде тема на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, што ќе се одржи во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

-На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Израел: Паднаа маските

Горан Наумовски

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Почна седницата на Советот за безбедност

Седница на Советот за безбедност