Седница на собраниската Комисија за здравство

Од:

Собраниската Комисија за здравство денеска на седница констатира дека предлог – законите за изменување и дополнување на законите за здравственото осигурување, за доброволно здравствено осигурување, за биомедицинско потпомогнато оплодување и за здравствената заштита, се прифатливи и може да се дадат на натамошно второ читање.

Во образложението на измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување во прво читање, кои едногласно беа прифатени, Стојанчо Стојковски, државен советник во Министерството за здравство, рече дека се предвидува ослободување од партиципација од страна на осигурените лица корисници на правото на Биомедицинско потпомогнато оплодување за здравствените услуги извршени во постапките на БПО спроведени со автологно оплодување и алогенеичко оплодување за прво, второ, трето и четврто дете, најмногу до трет неуспешен обид за оплодување.

– Средствата за оваа намена ќе се обезбедат од страна на Фондот за здравствено осигурување. Станува збор за ослободување од партиципација која досега осигурениците ја плаќаа. Основната услуга беше платена од ФЗОМ меѓутоа како и за другите здравствени услуги и за неа се плаќаше партиципација. Со измените се предвидува партиципацијата осигурениците да не ја плаќаат, истакна Стојковски.

На барање на претседателот на Комисијата, Јагода Шахпаска од СДСМ, да појасни, Стојковски рече дека за сите четири деца ќе има ослободување од партиципација во соодветна постапка доколку сите биле во постапка по БПО за сите ќе важи.

Од друга страна, посочи тој, најмногу до трет неуспешен обид за оплодување тоа е ставено како максимум затоа што обидот за оплодување може да биде уште во првиот пат успешен и со тоа автоматски по логиката на нештата, нема втор и трет обид.

– За првиот обид се плаќа од страна на Фондот основната услуга. Досега се првиот обид си плаќаше осигуреникот 6.000 денари, меѓутоа сега согласно законската измена тие 6.000 денари нема да ги плаќа. Доколку првиот обид не е успешен доколку се оди на втор обид и за него повторно партиципацијата од 6.000 денари осигуреничката нема да ја плати. Истото се однесува и за третиот обид ако има потреба…, додаде Стојковски.

Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ реплицирајќи и на Шахпаска нагласи „оваа Влада донесе мерка за поддршка на семејствата со трето дете уште во 2008 година, која вие понатаму и ја оспоривте и падна на Уставен суд, а беше наменета за средините кои имаат негативен или лош демографски приказ“.

– Потоа продолживме само со поддршка за трето дете. Владата носи секогаш одлуки кои се во интерес на народот, рече Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ реплицирајќи и на Шахпаска.
Измените и дополнувањата на законите за доброволно здравствено осигурување и за биомедицинско потпомогнато оплодување го поминаа првото читање беа дискусија со четири гласа „за“ и три „воздржани“. Измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита го поминаа првото читање со четири гласа „за“, два „против“ и еден „воздржан“.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза