Седница на Комисијата за европски прашања

Од:

Претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Република Македонија, како и Самитот на НАТО во Кардиф, беа централни теми на дебатата на денешната седницата на собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше Извештајот за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, за второто тромесечје од годинава.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски забележа дека силна страна на Македонија е што усогласувањето на националното законодавство во македонското Собрание има секогаш приоритет и се гледа на што побрз начин да станат станат сосатвен дел од домашниот правен систем. Но, подвлече дека Собранието има и една слабост, што ќе биде забележана и од ЕК во Извештајот за земјата, а тоа е отсуството на опозицијата од пратеничките клупи и при тоа повторно ја повика опозијата да се врати во Собранието.

– За жал, раководството на опозициските партии се уште не може да ги надминат теснопартиските интереси и истите да ги вклопат во државните и национални интереси на РМ кога станбува збор за угледот на државата и нашиот политички капацитет што за што подобри препораки за отварање на патот на РМ кон ЕУ. Затоа сметам дека во овој краток период пред да се затвори Извештајот на ЕК би било многу добар потег ако опозицијата ги има евроинтеграциите како свој приоритет, тие да си ги заземат своите места во Собранието, рече Милошоски.

Во врска со најавите дека во новиот состав на ЕК нема да има класичен комесар за проширување туку комесар за соседство, Милошоски рече дека во портфолиото на тој еврокомесар ќе бидат и можните преговори за отворање и затварање поглавја со земјите кандидати за членство или потенцијални кандидати. Тој го поздрави ангажманот на Берлин со неодамна одржаниот самит за отворање на перспективите на земјите од региониот за членство во ЕУ, бидејќи Германија, канцеларката Меркел и ЕК презеле јавна политичка и дипломатска обврска да го помогне тоа.

Најверојатно тоа членство нема да се случи поединечно. Она што се насетува како можен план на ЕУ е дека сите земји од регионот би требало според оваа дипломатска активност со завршување на домашните задачи би требало да станат членки на ЕУ до 2019, 2020 година, што вели не е така далеку.

Тој очекува на претстојниот Европски совет добри заклучоци кои на Македонија ќе и ја отворат вратата за почеток на преговорите, бидејќи вели без тоа, земјата нема да може да го задржи темпото на реформи.

Пратеникот Кенан Хасипи исто така побара од опозицијата враќање во Парламентот и со тоа да го фати крајниот момент кога е во завршна фаза Извештајот на ЕК за Македонија, со цел да не стои во него дека има недостиг на дијалог.

– Македонија досега има истрчано десетина изборни циклуси и ниту една опозиција не се осмелила на ваков начин да ја блокира работата на Собранието. Имаме дискусии, но недостига жустрост, динамика, посериозна критика за да можеме да издејствуваме поквалитетни закони, рече Хасипи, кој изрази уверување дека и овој Ивзештај ќе биде позитивен.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими во образложувањето на завршените обврски од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за вториот квартал истакна дека е постигнат напредок во делот на реформите во повеќе области, како судството, во економските критериуми, во делот на борбата против криминалот и корупцијата. Во тој контекст рече дека кај законите донесени се 13, шест се во собрансика и владина посрапка, а шест се во подготова. Од предвидените 130 позкаконски акти, пак, донесени се 49, а 18 се во меѓуресорска дебата.

– Реформите кои се реализирани се прават со предвидената динамика. Меѓутоа, битно е дека сме фокусирани на предизвиците пред нас кои влијаат директно на процесот на евроинтеграција. Останува област на интерес судството каде Македонија треба да забележи поголем напредок од аспект на неговото функционирање, имплементацијата на законите, неселективно судство, во слободата на изразување, во изборниот законик, меѓуетничките односи,и добрососедските односи. Ние продолжуваме да бидеме фокусирани на овие приоритени области со цел Македонија да премине во следната фаза на преговирте за интеграирање на земјата во ЕУ, рече Бесими.

Македонска делегација на 19 септември заминува во Брисел каде ќе биде презентирана завршната нацрт верзија на Ивзештајот за Македонија. Финалната верзија на Извештајот ќе биде објавена на почетокот на октомври месец.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски