Сеавус Инкубатор ја најавува пред-акцелераторската програма за ИТ стартапи

Од:

Сеавус Инкубатор го отвори вториот повик за аплицирање на пред-акцелераторската програма која е наменета за ИТ стартапи од Македонија.

Преку 6-неделната програма, претприемачите ќе се стекнат со бизнис знаење, вештини и алатки, со цел да направат прототип, да лансираат производ на пазарот или да го финансираат својот бизнис. Програмата ќе заврши со „Инвестициски ден“ каде што сите стартапи ќе можат да ги презентираат своите идеи пред бизнис ангели, фондови на ризичен капитал, инвестициски куќи и институционални инвеститори.

Учесниците повторно ќе работат со докажани ментори – професионалци со различна експертиза за развој на производ, изработка на бизнис план, маркетинг, финансии, итн.
Аплицирањето трае до 15 септември, додека програмата започнува на 1 октомври 2017 година.

Сите заинтересирани компании можат да аплицираат на веб страната на Сеавус Инкубатор: www.seavusincubator.com

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Близу 20 тони дезинфекциски средства се поделени по центрите за јавно здравје и јавно здравствените установи

Предраг Петровиќ

Сеавус: Им препорачуваме на сите вработени да работат од дома, нивното здравје е наша најголема грижа

Ландов

Сеавус талент програма за IT операции и поддршка

Ана Ололовска

10, 50 и 100% стипендии за втората генерација визуелни артисти и модни дизајнери на Seavus Едукативен Центар и Џолев и Уметностите

Ана Ололовска

Seavus едукативниот и развоен центар доделува целосни стипендии за Академските програми 2018/19

Ана Ололовска

„Инвестициски ден“ во Сеавус Инкубатор

Наум Локоски