Seavus едукативниот и развоен центар доделува целосни стипендии за Академските програми 2018/19

Од:

Seavus едукативниот и развоен центар го најавува традиционалниот, добро познат Challenge day, ден за тестирање на идните најперспективни генијалци во сферата на информатичките технологии и дизајнот.

Целта на овој настан е тестирање за доделување на четири целосни стипендии за Академските програми 2017/18 во SEDC кои ја сочинуваат: Академијата за програмирање, Академијата за компјутерски мрежи и Академијата за дизајн.

Овогодишниот Challenge day, ќе се одржи на 18 јуни во просториите на едукативниот центар во Скопје и на 25 јуни во новите простории во Охрид.

Тестирањето се врши електронски и содржи прашања со повеќекратен избор. Прашањата се на англиски јазик и истите се избрани согласно насоката, дел поспецифични, но и општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на Академиите. Секој учесник има право да се тестира само за една насока од SEDC Академии 2018/2019.

Учеството на Challenge day е бесплатно, а пријавувањето за истиот се врши на следниве линкови:

Challenge day (Скопје) •  18 ЈУНИ со рок на пријавување до 14.06, 16:00 часот и

Challenge day (Охрид) •  25 ЈУНИ со рок на пријавување до 21.06, 16:00 часот

Повеќе информации за Challenge day може да се погледнат на: https://www.facebook.com/events/219022485278889/

Би можело да ве интересира

Осум стартапи од Сеавус Акцелераторорт успешно ја завршија регионалната Tech Boost програма

Отворен повик за млади креативци до 27 години: Награда за најдобра идеја за Надминување на последиците од ковид пандемијата

Сеавус се проширува на европскиот пазар, ја отвори првата канцеларија во Полска

Официјално почна глобалната програма Accelerate2030 во нашата земја

Сеавус едукативниот и развоен центар ќе спроведе промотивна кампања креирана од студентите

Натпревар на идеи во Seavus едукативниот и развоен центар