Сеад Кочан е надвор или се уште е во Македонија?

Од:

Полицијата трага по Сеад Кочан, распишана е меѓународна потерница, а на сајтот на МВР во делот за потраги го нема неговото име и фотографија.

Адвокатот на Сеад Кочан во изјава посочи дека тој бил на службено патување, анонимни извори посочија дека тој поминал на граничниот премин Табановце, но МВР го нема регистрирано излегувањето на Кочан на ниту еден граничен премин. Сето ова заедно упатува дека намерно се форсира тезата дека Сеад Кочан е излезен од државава, пред се поради тоа што е можно се уште да се наоѓа во Македонија и чека да го види исходот од жалбата за одредениот притвор, поднесена до Апелација.

Дополнително, извори за А1он од МВР посочуваат дека потерницата за Кочан не се појавува ниту во базата на Интерпол. Македонија е членка на Интерпол и меѓу другите полиња на соработка воспоставена е соработка и во пронаоѓањето на лица за кои е распишана меѓународна потерница, што останува нејасно дали Интерпол е известен дека македонската полиција трага по лицето Сеад Кочан.

Одредениот притвор за Сеад Кочан е поради тоа што е првоосомничен во случајот „Труст”, во кој се товари за фалсификување на документи за добивање на тендер од ЕЛЕМ тежок 17 милиони евра, државни пари.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он