Се запали комбе на патот кон граничниот премин Делчево, сообраќајот е во прекин

Од:

Поради интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Делчево на запалено возило, во моментов во застој е сообраќајот на патот Делчево – Ѕвегор – Граничен премин.

Според информациите на жители на селото запалено е комби возило, по што е повикана екипа на ТППЕ Делчево.

-Веднаш по опожарувањето на возилото повикана е екипа на ТППЕ Делчево, која во моментот врши гаснење на истото, истакнаа жители на селото.

Настанот е пријавен во полиција од каде го потврдија случајот, а со повеќе детали околу причината за пожарот ќе излезат во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози