Се запали автомобил во движење на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот беше во прекин еден час

Од:

Автомобил во движење се запалил на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село, поради што сообраќајот на овој патен правец беше во целосен прекин еден час. При инцидентот нема жртви.

Портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова за МИА информира дека автомобилот се запалил во 19:16 часот, поради што сообраќајот на овој пат беше во целосен прекин. Според Трајанова, од 20:10 сообраќајот повторно е нормализиран.

Опожарениот автомобил бил изгаснат со интервенција на противпожарната единица од Струмица, а полицијата го обезбедувала местото на пожарот. Причините за пожарот засега не се познати.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје