Во четвртокот околу 23:30 часот, во село Шопско Рударе, кратовско над С.П. (73) и неговата сопруга Т.П. маскиран сторител со закана со пиштол и нож извршил разбојништво, при што им одзел 150 евра.
Делото е извршено на тој начин што сторителот откако влегол во куќата го турнал С.П. на кревет, нанесувајќи му телесни повреди и притоа барајќи му пари од маса земал нож и со истиот замавнувал кон С.П. заканувајќи му се дека ќе го убие.
Потоа, извршил пребарување по собата, а откако С.П. му ги дал парите, сторителот му го зел мобилниот телефон и го искршил.
Кога излегувал од куќата, сторителот наишол на Т.П. која слегувала од горниот кат, при што физички ја нападнал со удари со тупаници во пределот на лицето и побегнал.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Кратово и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.