Се врши дополнително хортикултурно уредување во централното градско подрачје

Од:

Во рамките на пролетните активности во јавното зеленило во градот, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ врши дополнување на одредени хортикултурни површини. На дел од нив планираното дополнување е завршено, а на останатите е во тек.

-Една хортикултурна површина беше булеварот „Маршал Тито“ каде што се направени теракота жардинерии кои се исполнети со цвеќе, а се со цел да се нагласи амбиентот на цвеќето на самиот булевар. Втората површина која што беше планирана за дополнување е улицата „Благој Јанков Мучето“, поточно, по должината на градското корзо и плоштадот.Тука активноста се уште трае и се планирани да се постават 100 жардинерии, од кои 50 се веќе поставени и се посадени, а останатите ќе бидат поставени до крајот на следната недела. Како што реков, оваа активност се уште трае, а ние веќе имаме проблем со вандалско однесување на некои несовесни граѓани. Утринава е забележана искршена жардинерија и содржината која што беше засадена во неа е потполно уништена. Сакам да апелирам до граѓаните за посовесно однесување кон урбаната опрема која што се поставува и зеленилото на јавните површини, бидејќи се што е направено, направено е за да уживаат нашите граѓани, рече Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски