24-годишен велешанец е пронајден мртов во семејниот дом, извести полицијата.
Телото на починатото момче го открила неговата мајка која дошла во родниот Велес од привремена работа во странство.
Причината за смртта ќе се знае по обдукцијата која веќе е започната. Засега се знае дека велешанецот во станот живеел сам.