Се враќаат мајчините книшки

Од:

Мајчината книшка која беше задолжителна пред десетина година за секоја бремена жена, повторно ќе се воведува. Министерот за здравство Никола Тодорв објасни дека ова се прави со цел да се подобри здравјето и квалитетот на животот на трудницата, но и на доенчето.

Министерот ова го најави како еден од инструментите со кои ќе се бори против смртноста кај новороденчињата.

Тодорв на денешната средба соновинарите призна дека бројките за смртноста на доенчињата во првиот квартал се загрижувачки, иако вели дека податоците се само за првите месеци и оти треба да се почекаат податоците на годишно ниво за да се направат анализи.

Тоа се податоци кои не загрижуваат, иако се само за првото тромесечие, како што сум информиран во однос на статистиката се можни одредени пикови – изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Податоците на државниот завод за статистика говорат дека во првото тромесечие во државата починало 61 бебе, 13 повеќе од истиот период минатата година.

Според Тодоров со враќањето на мајчината книшка ќе се воведе патоказ кои чекори треба да се превземат во текот на бременоста, а на здравствените власти ќе им овозможи увид за секој стадиум и секоја фаза од бременоста. Така ќе се направи континуриано следење на бременоста и ќе може многу полесно да се воочат проблемите доколку ги има и да се превземат сите потребни чекори.

Покрај книшките, Министерството за здравство промовираше и брошура за здрава бременост, која ќе содржи начин на исхрана и вежби, а која ќе биде доставена до матичните гинеколози.

Затоа Министерот посочи дека треба исто така да се потенцира важноста од избор на матичен гинеколог и дека ќе се превземат активности и во таа насока.

 

Би можело да ве интересира

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Горан Наумовски

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски